ИЗВЕСТУВАЊЕ

Привремено ќе бидат недостапни услугите на електронскиот портал uslugi.gov.mk.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министерството за дигитална трансформација ги информира граѓаните дека поради прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје, привремено е оневозможен пристапот до услугите на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

Надлежните служби и техничките тимови работат на надминување на состојбата и нормализирање на функционирањето на Порталот во најкраток можен рок, стои во известувањето испратено од Министерството за дигитална трансформација.

Најнови вести