Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје денеска бeше промовиран каталогот „Документи што зборуваат на допир“ на Брајово писмо.
Организатор на промоцијата е Државниот архив на Македонија, во соработка со Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.
Публикацијата претставува избор на најзначајни документи што се чуваат во депоата на Државниот архив и во неговите подрачни одделенија, при што под секој документ е дадена соодветна легенда на Брајово писмо.
Од Државниот архив посочуваат дека проектот има цел да ја подигне јавната свест за значењето на инклузивноста во културните институции и зачувувањето на културното наследство достапно за сите граѓани.