Протести против трошоците за живот

Протести во Шпанија. На улиците излегоа синдикатите и пензионерите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Масовни демонстранции низ центарот на Мадрид. Синдикатите кои се залагаат за пониски цени на трошоците за домување велат дека нема да се повлечат од улиците.

Ги повикаа своите сограѓани на генерален штрајк на 11 ноември, под мотото: „Кој и да владее, платите, домувањето и јавните пензии мора да се бранат!”

Пензионерите пак бараат зголемување на пензиите од шест насто за 2027 година за да се компензираат зголемените трошоци за живот и инфлацијата и усогласување на минималната пензија со минималната плата во државата.

Истовремено пензионерите се противат на приватизацијата на јавниот пензиски систем и бараат бришење на родовиот јаз, бидејќи пензиите на жените во Шпанија се во просек за околу 30% пониски од оние на мажите.

Демонстрациите се во екот на изборната кампања во земјата, со оглед на тоа што во Шпанија се закажани предвремени општи избори за 29 ноември 2026 година.

Најнови вести