албанија

Рама ги повика студентите на дијалог, тие возвратија со палење (ВИДЕО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Албанскиот премиер Еди Рама повика на дијалог пред планираниот за денеска студентски и граѓански протест во Тирана и други албански градови. Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“.

Рама постави столчиња и клупи пред својата канцеларија во последните денови, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците и ги запалија.

Протестите против албанскиот премиер во Тирана продолжуваат единаесетти ден, а на студентите и универзитетските професори денеска им се придружија и лекари, здравствени работници и граѓани. Демонстрантите се собраа пред седиштето на Владата, барајќи оставка од премиерот, формирање технократска преодна влада и подобри услови за образование и живот.

Најнови вести