Романија собори ГИНИСОВ РЕКОРД, еве за што станува збор

Настанот на едно место обедини 20 илјади луѓе, со цел да се соберат средства за таму каде што е најпотребно.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Десетици илјади луѓе се собраа во романскиот главен град за да седнат на маса долга неколку километри, како дел од забавен спектакл со кој беше соборен Гинисов рекорд.

„Масата на обединувањето“, долга 5 километри, се протегаше долж булеварот „Унири“ се до плоштадот „Устав“ пред зградата на Парламентот во Букурешт.

На организаторите од Романија, здружението „Bloom The World“, им беше доделен сертификат за „најдолга маса направена од рециклирани материјали“. Настанот собра околу 20.000 луѓе околу масите, кои не беа сите физички споени во една целина, но беа украсени со цвеќиња и закуски.

Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за изградба на објект за детска психијатрија со површина од 3.900 квадратни метри, во Букурешт. Проектот беше финансиран преку приватни донации и спонзорства, а се проценува дека биле собрани 16,5 милиони евра.

Џоан Брент, виш судија и официјален претставник на „Гинисовата книга на рекорди“, која присуствуваше на настанот во Букурешт, изјави дека овој рекорд е искористен за благородна цел.

Најнови вести