Се повлекува предметот „Сеопфатно сексуално образование“ за средношколци

Изборниот предмет се повлекува по реакции од јавноста и оди на увид во Бирото за развој на образованието.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно образование ќе
нема. МОН реши да ја повлече наставната програма и да направи ревизија, соопшти министерката Весна Јаневска по реакциите во јавноста за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

,,Ние ги повлековме во овој момент
програмата и предметот и ќе направиме
длабока ревизија по барање на јавноста, да видиме дали навистина во програмата има нешто за што би можело да има забелешки. Инаку, во програмата има теми: семејство, има заштита од сексуално преносливи болести, има заштита од несакана бременост, има рамноправност на половите, има тема за недискриминација меѓу половите. Но,
повторувам, веќе го замолив Бирото за развој на образованието, оти јас не сум стручна, но и лично ќе се ангажирам, збор по збор да ја поминеме програмата, да видиме што е тоа што е проблем во неа”  изјави Јаневска.

Министерката Јаневска потенцира дека постојат научни докази оти сексуалното образование во средното образование е корисно во периодот кога децата на таа возраст се соочуваат со темите обработени токму во овој предмет.

Најнови вести