Со транспаренти „не во мое име“ и „слободата има име“, илјадници луѓе во Приштина излегоа на протест шеста ноќ по ред. Се противат на минатонеделната пресуда на судот во Хаг за водачите на Ослободителната војска на Косово.
Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи и тројцата поранешни команданти на ОВК беа прогласени за виновни за незаконско затворање, тортура, сурово постапување и убиства извршени во текот и непосредно по војната во Косово во 1998 и 1999 година.
Хашим Тачи, доби затворска казна од 25 години, Јакуп Красники исто така е осуден на затворска казна во траење од 25 години, Кадри Весели доби 18 години, а Реџеп Сељими 13 години затворска казна.
Меѓународната заедница апелираше да се избегнува реторика што би поттикнувала тензии. САД, ЕУ и Велика Британија повикаа да се почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд.