Екипите на ЈП „Комуналец“, со 12 работници од хигиена и зеленило и 15 од Водовод и канализација, заедно со ТППЕ Кавадарци и екипи на Општина Кавадарци, се на терен и активно ги санираат последиците.
Во координација со надлежните служби, се работи и на отстранување на проблемите со електричната и телекомуникациската мрежа.
За сите пријави од граѓаните: 13.300 Општински кол-центар, напиша Јанчев на социјалните мрежи.
Oд УХМР соопштија дека невреме имало и во Кочани, Кичево, Свети Николе, западно од Демир Хисар и Македонски Брод, западно од Крушево и во Битола. Пороен дожд, грмежи и во Струмица и јужно од Берово.