Страотно невреме во Истанбул, дождот го блокираше сообраќајот, осум илјади луѓе се на терен

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Истанбул погоден од изобилни врнежи од дожд. Патиштата како езера. Стотици возила останаа заглавени во надојдената вода. Оптовареноста на сообраќајот во градот достигнала 80 проценти. На азиската страна таа изнесувала 89 проценти, а на европската 71 процент.

Властите распоредија повеќе од 8.000 луѓе, кои продолжуваат да работат на отстранување на потенцијалните последици од невремето.

Најмногу дожд наврнал во населбата Дарлик, во округот Шиле. Се очекува врнежите што го зафатија подрачјето на Босфорот да се засилат на европскиот дел на Истанбул по што постепено ќе ослабат.

Истанбул веќе беше погоден од поплави на 14 октомври кога загинаа шест лица.

Најнови вести