Јаник Синер нема да настапи на турнирот од серијата 500 во Пекинг. Се отвора нова можност за Александар Зверев со која може да ја намали разликата во борбата за првото место на АТП-листата.
Доколку Германецот го освои турнирот, би добил дополнителни 400 бодови во однос на Синер, со што разликата пред мастерсот во Шангај би се намалила на 910 поени.
Неизвесно е и дали Синер ќе настапи во Шангај. За него тоа би бил прв турнир по тримесечна пауза, а минатата година токму таму го предаде мечот поради високите температури.