Истражните органи во Тирана истражуваат кој ги објавил и дистрибуирал интимните видео снимки што се проширија на интернет, а се поврзуваат со познат композитор, Адриан Хила. Според албанските медиуми, интимните видеа за кои се тврди дека прикажуваат познати личности од албанската музичка и забавна сцена се еден од поголемите скандали во земјата.
Секторот за истраги на киберкриминал ги идентификува адресите и другите податоци поврзани со страниците и профилите што ги објавиле или дистрибуирале видеата. Паралелно се преземаат постапки за нивно
отстранување од интернет просторот.
Полицијата ги доставила материјалите за четири можни кривични дела, незаконско пресретнување компјутерски податоци, мешање во компјутерски податоци, неправедно мешање во приватниот живот и злоупотреба на опрема, се чека одлука на обвинителството.