Штип му оддаде признание на светскиот шампион Марко Џорлев од Карате клуб „Штип“, кој ги прослави Штип и Македонија.
Во општината беше организиран специјалем пречек за светскиот првак во карате.

Градоначалникот Иван Јорданов испрати порака

-Марко, твојот успех е резултат на труд, дисциплина и упорност. Ти си гордост за Штип и инспирација за младите!
Честитки до твоето семејство и тренерите Сашко и Жарко Арсовски за придонесот во овој успех.

Нека ова биде само почеток на уште многу шампионски титули и спортски успеси,порача Јорданов.
