Сточарите од Пелагониско излегуваат на протест

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Сточарите и земјоделците од Пелагонија за 30 септември најауваат протест поради доцнењето на исплатите и состојбата во земјоделскиот сектор.

Протестот ќе почне во 11 часот кај Тополчани, на патот Битола–Прилеп.

Сточарите бараат исплата на заостанатите премии за млеко, кои, како што велат, не им се исплатени од јули 2025 година. Тие реагираат и на падот на откупната цена од околу 33 на 23 денари за литар.

Од Министерството за земјоделство, пак, велат дека субвенциите по грло за 2025 година се исплатени, а министерот Борче Серафимовски неодамна изјави дека досега се реализирани околу 90 проценти од предвидените средства, односно околу 6,5 милијарди денари.

Сточарите бараат навремена исплата на преостанатите средства и поголема поддршка за производството.

Најнови вести