Судири на протест во Тирана, владата на Рама не попушта

Уапсени се повеќе учесници на протестот, меѓу кои и лидер на опозициска партија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Судири меѓу полицијата во Албанија и демонстрантите за време на протестот против крајбрежниот развој, поврзан со зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.

Демонстрантите се спротивставија на полицискиот кордон во центарот на Тирана, фрлајќи јајца и домати. Уапсени се повеќе учесници на протестот, меѓу кои и Адриатик Лапај, лидер на опозициската партија „Албанија станува”.

Протестите, наречени „фламинго револуција“ прераснаа од противење на проектот, во поширок предизвик за долгогодишната социјалистичка влада на премиерот Еди Рама. Демонстрантите бараат владата да го слушне нивниот глас.

Во исто време, парламентот во Албанија почна со работа по летната пауза, а претседателот на парламентот, Нико Пелеши ја нагласи одговорноста на Собранието да продолжи да работи во интерес на граѓаните со поголема отчетност, одговорност и конкретни резултати.

Најнови вести