Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност насочена кон подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на кардиоваскуларното здравје и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања.
Денеска во 10:30 часот, тимови од ИЈЗ ќе постават пункт во трговскиот центар Дајмонд Мол каде граѓаните ќе може да добијат
бесплатен преглед, како и совети од стручни лица.
Активноста има за цел преку непосреден контакт со граѓаните да се испрати порака за важноста на редовната грижа за здравјето, навременото
препознавање на ризик-факторите и усвојувањето здрави животни навики, соопштија од Институтот за јавно здравје.