Вајц: И во Австрија има корупција, но многу богати луѓе лежат во затвор

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Eвропратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц на сесијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Северна Македонија, којашто се однесуваше на борбата против корупцијата, истакна дека во разни земји-членки има различно ниво на корупција. Вајц дополни ,,И во мојата Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е што многу богати луѓе лежат затвор”.

,,Луѓето видоа дека и еден од најбогатите во Австрија ќе излезе пред суд, ќе биде приведен за тешко дело. Апелирам дека не се работи за реализација на обврските кон ЕУ, критериумите за пристапување. Се работи за вложување во вашето општество, во вашата земја, во функционирањето на вашите институции, вложување во довербата во системот. Ако не можете да ги убедите граѓаните дека правдата постои за сите, тоа на луѓето им дава причина да заминат”, нагласи известителот Вајц.

Во поглед на Реформската агенда, Вајц посочи дека треба да се доработат измените на Кривичниот законик, со цел ЕУ да може да обезбеди средства.

Најнови вести