по втор пат и на ист начин

Влегле во соблекувална и упатувале вулгарни навреди кон судии и лица од ФФМ- Шкендија Арачиново се соочува со казна

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Фудбалската федерација на Македонија ќе ја пријави Шкендија Арачиново на надлежните органи поради инцидентот по денешниот пораз од Струга на домашен терен.

– Ја известуваме јавноста дека домашната екипа ФК Шкендија Арачиново, по втор пат и на ист начин, неосновано и субјективно, преку претставниците на екипата и неслужбени лица, влегле во судиската соблекувална и неспортски, навредливо и вулгарно упатувале навреди кон судиите и официјални лица во Фудбалската федерација на Македонија, а инцидентот е записнички констатиран.

Фудбалската федерација на Македонија и Судиската организација најостро го осудуваат ваквото недолично, нецивилизирано и крајно неспортско однесување, кое претставува директен напад врз интегритетот, достоинството и безбедноста на службените лица. Спортската немоќ, непознавањето на Правилата на фудбалската игра и непочитувањето на основните спортски вредности не можат и никогаш нема да бидат оправдување за навреди, закани, притисоци и неосновани напади врз судиите и официјалните лица на Федерацијата, особено кога станува збор за правилно донесени одлуки во согласност со Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот. За ваквото однесување ќе биде иницирана соодветна дисциплинска постапка пред надлежните органи на ФФМ, стои во соопштението на ФФМ.

Денешниот натпревар од 10. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Струга Трим Лум заврши со резултат 2:0 за стружани.

Најнови вести