Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќај в недела, при што сообраќајот ќе се пренасочува.
Здружение Атлетски клуб „Скопски Маратон” Скопје, на 27.09.2026 – недела, со почеток во 08:00 часот, ќе одржи улична атлетска трка.
Трасата на движење почнува од ул.„9″ пред Домот на културата во општина Илинден, по ул.,,534″ во населба Илинден, потоа по ул.„532″ во с.Марино, по ул.„10″ во с. Кадино каде на кружниот тек се врти полукружно назад по истите улици – ул.,,10″, ул.„532″, ул.,,534″ и ул.,,9″, па се продолжува по ул.,,2″ се до Домот за стари лица каде се врти полукружно назад по ул. „2″ се до целта пред Домот на културата на ул.„9″ во населба Илинден.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.