удот со одлука во негова корист

Учествувал на маратон додека бил на боледување- прво добил отказ од фирмата, па му исплатила голема оштета

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Холанѓанец учествувал на маратон во Ротердам додека бил на боледување поради проблеми со колкот, по што добил отказ од фирмата за обработка на метали, каде што работел.

Според работодавачот, тој ја злоупотребил неговата доверба, избегнувајќи одговорност кон фирмата. По ова, тој поднел жалба до Судот, наведувајќи дека не се согласува со одлуката.

„Физичката активност може побрзо да му помогне во заздравувањето и затоа му одобрив постепено зголемување на физичкиот напор“, се наведува во извештајот од докторот.

По разгледаните докази, Судот донел одлука во негова корист, односно компанијата да му исплати оштета од 60.000 евра, како и дополнителен паричен надомест.

Најнови вести