Бугарскиот бизнисмен, поранешен пратеник и поранешен европски шампион во теквондо, Слави Бинев, е убиен утрово во Софија, а според полицијата тројца осомничени се приведени.
Полицијата вели дека Бинев е убиен пред својот дом во населбата Павлово во Софија утрово оклу 10.30 мин по локално време.
Бугарските медиуми објавија дека Бинев бил застрелан со еден куршум во главата, и дека тројца осомничени се приведени на автопат и биле вооружени.
Тоа е трето убиство на бизнисмен во изминатите три месеци во Бугарија.
На 30 септември во Пловдив беше убиен Илијан Филипов. Тој имаше 53 години и беше коосновач на една од најголемите компании во Бугарија – ПИМК, која се занимаваше со меѓународен транспорт, градежништво и железнички транспорт. Неодамна, неговиот конзорциум го доби јавниот договор за реконструкција на стадионот „Христо Ботев“ вреден речиси 44 милиони лева. Филипов беше и претседател на фудбалскиот клуб Ботев (Пловдив).
Владимир Јанков, 56, кој водеше огромен бизнис со увоз на кафе, чај и опрема за автомати за продажба од Италија, генерирајќи над 100 милиони лева годишен промет, исто така беше убиен. Беше убиен во крајот на јули, се движеше без лично обезбедување, но имаше изразен интерес за блокчејн технологии и инвестиции во криптовалути, јавија бугарските медиуми.