Блокирано Цетиње убиен трет Ѓуричковиќ, пред 9 години преживеал атентат: Полицијата трага по убиецот

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Милош Ѓуричковиќ (56) денеска е убиен во близина на Цетиње, а полицијата интензивно трага по убиецот или повеќе лица кои учествувале во убиството.

Црногорските безбедносни служби претходно го поврзуваа со криминалниот клан Шкалјар, беше убиен утрово во градот Бајице, во регионот Цетиње во Црна Гора, според информациите објавени од полициската управа, пренесуваат српските медиуми.

Неговото тело било пронајдено во местото Бајице. Според информациите од полицијата, Ѓуричковиќ бил усмртен со истрели од огнено оружје. Речиси целиот град е блокиран.

Милош е последната жртва од семејството Ѓуричковиќ, кое, според пишувањата на медиумите, е завиено во црно поради војната меѓу криминалните кланови.

Претходно беа убиени неговиот роден брат Радомир и братучедот Горан Ѓуричковиќ.

За едно од убиствата е обвинет маж од Бања Лука

Да потсетиме, Горан Ѓуричковиќ (мажот на фотографијата во текстот) беше убиен на 27 октомври 2015 година, со снајперски истрел во Будва, додека седел во градината на својот локал „Old Fisherman’s Pub“.

За неговото убиство, како што претходно објави АТВ, беше обвинет Срѓан Поповиќ од Бања Лука, познат под прекарот Гринго.

Поповиќ во отсуство беше осуден на 15 години и 10 месеци затвор, но Апелацискиот суд на Црна Гора во септември ја укина првостепената пресуда на Вишиот суд во Подгорица.

По ова, предметот беше вратен на повторно судење, кое требаше да започне во ноември годинава.

Убиството на неговиот роден брат

Една година по ликвидацијата на Горан, беше убиен и родениот брат на Милош, Радомир Ѓуричковиќ.

Напаѓачите пукале во него од автомобил во движење на 10 октомври 2016 година, на Цетиње. Радомир им подлегнал на здобиените повреди.

Во врска со неговата ликвидација биле споменувани припадници на спротивставен клан.

Ѓуричковиќ бил изрешетан со автоматска пушка, а автомобилот што го користеле убијците бил пронајден запален следниот ден во областа на Риека Црнојевиќа.

Милош преживеал атентат пред девет години

Милош Ѓуричковиќ пред девет години, на 12 мај 2017 година, преживеал обид за атентат.

Тој тогаш бил ранет додека се наоѓал на терасата од својот стан.

Задобил повреди во пределот на вратот, но тие не биле опасни по живот.

Медиумите објавија и дека претходно, на почетокот на април 2017 година, бил приведен на Цетиње во рамки на полициска акција за проверка на безбедносно интересни лица.

 

Најнови вести