Пронајден починат маж со прострелна рана кај Смилковци-еве ги деталите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

38 годишен маж пронајден со прострелна рана во близина на селото Смилковци. Пријавата за пронајдено безживотно тело во СВР Скопје пристигнала рано наутро, во 06:15 часот.

На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на село Смилковци, Скопско, пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е. (38) од село Љубин, Скопско – информира МВР.

Како што наведуваат оттаму, во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.

Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција – додава МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан.

Најнови вести