Заборавените македонски песни добиваат нов живот, концерт на 10 октомври во Струмица

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во сабота, 10 октомври, со почеток во 19 часот, во НУЦК „Антон Панов” во Струмица ќе се одржи концертот „Трансформации”, музичко-истражувачки проект посветен на македонското музичко наследство.

На концертот ќе настапи гудачкиот квартет „Пламенка Трајковска”, во состав Пламенка Трајковска и Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Проектот е посветен на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Живко Фирфов македонски етномузиколог, композитор, диригент и музички деец, кој оставил значаен придонес во собирањето, запишувањето и проучувањето на македонскиот музички фолклор.

Концертот „Трансформации” е замислен
како можност публиката преку гудачкиот
квартет повторно да ја открие македонската музичка ризница и преку
неа да ја почувствува историјата,
културата и народната музика.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија и НУЦК „Антон Панов” Струмица.

Најнови вести