Повеќе од 12.000 луѓе се евакуирани од арената „Ко-оп лајв“ во Манчестер, откако за време на концертот на американскиот рапер Дон Толивер била испуштена непозната супстанца, поради што полицијата прогласила вонредна состојба од големи размери.
Инцидентот се случил нешто по 22 часот, кога било пријавено дека посетителите на концертот имаат здравствени проблеми по изложувањето на непознатата супстанција.
Службата за итна медицинска помош соопшти дека на повеќе од 50 лица, од кои некои имале проблеми со дишењето и со очите, им била укажана медицинска помош на самото место, додека едно лице било пренесено во болница, пренесува „Скај њуз“.