По повод 100 години од постоењето на скопската Зоолошка градина, вчера и денеска од 12 до 15 часот, се одржа дводневен базар.
На базарот учествуваа средношколци од 22 средни училишта од Скопје, кои ги претставуваа своите креативни производи, ракотворби и изработки.
Настанот имаше цел да ја поттикне креативноста кај младите, но и одговорноста и грижата кон животните. Со ова, средношколците активно се вклучуваат во одбележувањето на еден од најзначајните јубилеи, 100 години Скопје ЗОО.
Средствата од продажбата се наменети за жителите на Зоолошката градина.