Претседателот на САД, Доналд Трамп призна дека војната во Иран веројатно им наштетила на републиканците на среднорочните избори, но рече дека ,,повторно би го направил тоа”.
Зборувајќи со новинарите пред Белата куќа, Трамп беше прашан за тврдењето на потпретседателот Џејмс Давид Венс дека војната е причината зошто републиканците изгубија на изборите.
„Мислам дека е во голема мера точно бидејќи малку ја покачи цената на бензинот на краток рок. Но, во исто време, ако треба повторно да го направам тоа, ќе морав повторно да го направам. Бидејќи на долг рок, тоа е единствениот одговор. Не можете да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје“, рече Трамп.
Шефот на Белата Куќа истакна дека очекувал цените на нафтата да пораснат многу повеќе кога решил да оди во војна. Тој истакна дека цената на бензинот, а не војната, е веројатно главната причина за загубите.
Трамп, исто така, изјави дека републиканците ќе победеле доколку тој бил на гласачкото ливче, посочувајќи на големите толпи луѓе на неговите митинзи.