Четири нафтени танкери се уништени откако наишле на морски мини во Ормускиот Теснец, соопшти Иранската Револуционерна Гарда. Во соопштение се наведува дека бродовите се обиделе да поминат низ забранетата јужна пловна рута. Информацијата доаѓа еден ден откако американски претставници потврдија дека војската на САД извршила напади врз Иран.
Техеран објави дека вчера биле уништени уште три танкери кои наишле на мини, како и дека над Ормускиот Теснец било соборено американско беспилотно летало.
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач, Мохамад Багер Галибаф, ги оцени изборните резултати во САД како порака дека американските граѓани не ја поддржуваат војната.
Властите во Исламската Република порачуваат дека Вашингтон не треба да ја игнорира волјата на сопствените граѓани и предупреди дека нова стратешка грешка на САД би можела да отвори ново бојно поле.