19 пациенти се хоспитализирани, двајца суспектни на западнонилска треска

55 вкупно регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 53 се потврдени, два непотврдени. Моментално на клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 19 пациенти, 17 се потврдени, соопштија од Министерството за здравство. Кај трета птица гавран е потврдена болеста.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Смртноста од западнонилска треска досега е 11,5 проценти, просечното лекување е 14 дена, а најдолгото изнесувало 29 дена. Најкраткиот испис бил 8 дена. Врвот на оптоварувањето на клиниката за инфективни болести било на 12 август кога имало 24 хоспитализирани пациенти, велат од ресорното министерство на денешната прес-конференција.

Сите починати се мажи, соопшти министерот Клековски.

„Првата хоспитализација била во месец мај, вториот случај бил регистриран на 29 јуни и растот започнал на 13 јули, а на 18 јули почнаа мерките против вирусот на Западен Нил, изјавиминистерот.

Најмногу хоспитализации имало од 3 до 24 август. Во последната недела од август има три потврдени и 2 непотврдени случаи, во споредба со претходните три недели.

Новите случаи на западнонилска треска се во Скопје- Север, од министерството најавуваат дека заедно со Општините на тие места ќе се преземат соодветни мерки.

Трета птица е позитивна на вирусот и тоа во Општината Карпош кај Драмски театар.

Најнови вести