Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата, во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК.
Станува збор за истражен процес за финансиски злоупотреби во дел од здравството. Министерството за внатрешни работи најави детали по целосно завршување на акцијата.