31 август до 5 септември трето издание на Балканскиот театарски фестивал „КУ-ФЕСТ“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Куманово од 31 август до 5 септември ќе биде центар на театарскиот и културниот живот во регионот благодарејќи на третото издание на Балканскиот театарски фестивал „КУ-ФЕСТ“, соопштија од Министерството за култура.

Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да проследи шест театарски претстави од четири земји: Македонија, Косово, Бугарија и Србија. Покрај претставите, програмата е збогатена и со две музички вечери. Предвидена е и едукативна предавачка работилница за деца на тема „Магијата на театарот“.

На последната вечер ќе бидат доделени вкупно седум фестивалски награди, вклучително и специјалната награда за најдобар актер. За победниците ќе одлучува тричленостручно жири во состав: Леунора Калиќи, Зејадин Муртезии Роберт Ристов

Најнови вести