Дирекцијата за заштита и спасување, над старата касарна во Битола откри и отстрани 1.700 рачни бомби и мини од Првата светска војна.
Бомбите се откриени на иста локација, каде што беше откриен арсенал од
неексплодирани бомби, во близина на
населено место на овој дел од градот.
,,Ископувањата продолжуваат понатаму, а се очекува да се пронајдат уште повеќе од 1.000 вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства. Во акцијата освен пиротехничарот од Битола, Ѓорги Стефанов, поради недостиг на стручни кадри во ДЗС му помагаат и тројца пензионирани припадници од МВР”, – изјави Стојанче Ангелов, директор на ДСЗ.
Ангелов апелираше до граѓаните доколку наидат на предмети кои наликуваат на бомба, граната или било каков проектил веднаш да се јават на бројот 112.