Нов протест во Италија против високите трошоци за живот. Работници и студенти излегоа на улиците во повеќе италијански градови против ниските плати и зголемените државни расходи за вооружување.
Масовни демонстрации во Рим, Милано, Торино, Болоња, Трст, Палермо. Во Болоња ученици ги блокирале влезовите на повеќе средни училишта, додека во Торино повеќе од илјада ученици, студенти и вработени во образованието се приклучија на протестите.
Штрајкот го опфати јавниот и приватниот сектор. Тензии предизвика одлуката на министерот за транспорт Матео Салвини да го одложи штрајкот во транспортните дејности, по што дојде до судири во Виченца. Полицијата употребила водени топови откако демонстранти се обиделе да пробијат полициска блокада.
Организаторот на штрајкот – Унијата на базични синдикати бара повисоки плати, пониски цени на основните производи, енергијата и домувањето, како и поголеми вложувања во јавните услуги.