Забрана на сите собири во Сребреница

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

За денеска се забранети сите собири во Сребреница. Министерството за внатрешни работи на Република Српска од безбедносни причини забрани одржување на сите јавни собири најавени за среда, 2 септември.
Одлуката вклучува два настана, собир за поддршка на правосилно осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, но и мирен собир организиран од здруженија за преживеаните жртви на геноцидот.

За во 17 часот, беше најавен митинг во поддршка на Младиќ, а најавата наиде на реакција од здружението на преживеаните во Сребреница. Клубот на делегати на бошњачкиот народ, претходно поднесе официјално барање за одржување мирен собир и потврди дека здруженијата добиле гаранции од Полициската станица во Сребреница дека митингот во поддршка на Младиќ нема да се одржи.

Младиќ почина во притворската болница во Хаг изминатата недела, по што регионот остана поделен за ликот и делото осуденикот за воени злосторства изврешени во БиХ.

Најнови вести