Се очекува семејството на Ратко Младиќ денеска во 12 часот да се обрати на прес-конференција.
Телото на Ратко Младиќ од вчера е пренесено од аеродромот во Военомедицинската академија (ВМА), каде што ќе биде извршена обдукција.
Со авион телото на Младиќ беше пренесено на неговиот син Дарко Младиќ, внуката Анастасија, министерот за правда Ненад Вујиќ и двајца негови соборци од војната.
Ратко Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска, почина на 27 август, додека се наоѓаше во притвор на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, каде што ја издржуваше казната доживотен затвор.
Пред смртта имал повеќе мозочни удари, а семејството и адвокатите на Младиќ повеќепати барале да му биде дозволено лекување во Србија, но тие барања биле одбиени.
Република Србија, исто така, испратила повеќе дописи до Механизмот со барање да го разгледа барањето за предвремено ослободување на Младиќ од хуманитарни причини, но Механизмот ги одбил сите тие барања.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека очекува синот на Младиќ, Дарко, да ја информира јавноста за желбите на семејството во врска со погребот на Младиќ.