Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон зградата на Владата во Албанија, полицијата возврати со водени топови и солзавец

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Демонстрантите кои се собраа пред зградата на Владата во Албанија фрлаа молотови коктели кон објектот и водените топови, по што полицијата одговори со водени топови и солзавец.

Според снимките од албанските медиуми, полицијата преку разглас ги повикувала демонстрантите да се воздржат од насилство и да не предизвикуваат инциденти. Од полицијата соопштиле дека насилните лица веќе се идентификувани и дека ќе се соочат со законски мерки.

Голем број полициски сили се распоредени пред владината зграда, заедно со две возила со водени топови, од кои едното испуштило вода кон демонстрантите.

За разлика од протестите во претходните денови, денешниот протест, кој влезе во 19-тиот ден, главно поминувал мирно. Врнежите од дожд дополнително го намалиле бројот на присутни млади луѓе.

Најнови вести