Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Александар Вучиќ, изјави дека ќе ги заштити сите што се политички прогонувани по поразот на неговата партија СНС на парламентарните избори.

На седницата на Главниот одбор на СНС во Белград, Вучиќ порача дека нема да штити никого што украл пари, но ќе застане зад секој што, како што рече, е прогонуван единствено затоа што е политички противник.

„Како во случајот со Генералштабот, така и во многу други случаи. Јас ќе кажам дека јас сум виновен, нека ме гонат мене. Немам никаков проблем со тоа“, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека напредњаците за време на нивното владеење сакале најдобро за државата и дека никој не украл ниту еден динар од таквите проекти.

Вучиќ додаде дека партијата ќе продолжи да ги штити своите членови и да им се спротивставува на политичките противници.

Претходно, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, закажа вонредно заседание на партиското собрание за 13 декември и го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на партијата.

Најнови вести