Бугарија гласа на втор круг претседателски избори. Двајцата кандидати за претседател на Бугарија, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров со речиси идентични ставови кон Македонија.
На последната изборна дебата реплицираа кој колку се заложил за францускиот предлог, но потврдија дека Софија нема да отстапи ниту сантиметар од позицијата за Македонија. Се бараат уставни промени па потоа преговори за членство на земјава во Европската Унија.
Во фокусот на кампањата беа и безбедносните прашања на Бугарија, по нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во Црно Море.
Иако претседателот на Бугарија има претежно претставничка улога, тој располага со право на вето на законите и е врховен командант на вооружените сили.