Уапсени двајца началници на српската полиција

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсени се началникот на Управата на криминалистичката полиција
Марко Кричак и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Акцијата била спроведена од Службата за борба против корупцијата под сомнеж за злоупотреба на службената положба. Според „Танјуг“, акцијата е директно поврзана со незаконско постапување и полициска бруталност во случајот „Сењак”.

Станува збор за истрага за убиството на Александар Нешовиќ Бајо, кое се случи на 12 мај во ресторан на Сењак. Уапсените началници се товарат за претепување на дел од осомничените лица во полициската станица за време на нивното сослушување.

За тешко убиство во овој предмет е обвинет Саша Вуковиќ, а постапката се однесува и на негови пријатели и вработени во ресторанот кои наводно помагале во прикривање на убиството. Во првичната полициска пријава за ова злосторство беше опфатен и Веселин Милиќ, тогашен шеф на белградската полиција и помошник директор.

Марко Кричак и е познат на пошироката јавност по обвинувањата од студентката Николина Синѓелиќ, која поднесе кривична пријава против него за закани и полициска бруталност во зградата на гаражата на Владата на Србија за време на минатогодишните протести.

Најнови вести