Полицијата, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсила началникот на Управата за криминалистичка полиција, Марко Кричак, дознава ,,Танјуг”.
Тој е уапсен под сомнение за злоупотреба на службената положба.
Уапсен е и Бошко Секуловиќ, началник на Службата за сузбивање криминал. Како што пренесуваат српските медиуми, тие се уапсени во врска со нивното незаконско постапување во случајот „Сењак“, како и поради тепање на одредени осомничени лица во тој предмет во полициска станица, за време на нивното полициско сослушување.
„Радар“ пренесува дека Кричак и Секуловиќ биле уапсени врз основа на кривична пријава поднесена од адвокатот на Веселин Милиќ.
Марко Кричак – биографија и професионална кариера
Марко Кричак ја извршувал функцијата началник на Управата за криминалистичка полиција (УКП) нешто повеќе од една година, а пред тоа бил началник на Единицата за заштита на лица и објекти.
Кричак ја предводел полициската акција по убиството на Александар Нешовиќ Баја во ресторанот „27“ на Сењак. Во првичната полициска кривична пријава за ова злосторство бил опфатен Веселин Милиќ, кој во тоа време, покрај функцијата помошник-директор, бил и началник на белградската полиција.
На пошироката јавност ѝ стана познат откако студентката Николина Синѓелиќ го обвини за закани и полициска бруталност во зградата на гаражата на Владата на Србија, за време на протестите минатата година, по што против него поднесе кривична пријава.
На функцијата началник на УКП бил именуван на 30 декември 2025 година. Професионалната кариера ја започнал во Безбедносно-информативната агенција (БИА), каде што работел во Петтата управа.
Потоа кариерата ја продолжил во Министерството за внатрешни работи, во Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК), во Одделението за борба против дрога.
Од Полициската управа за град Белград, поради потребите на службата, преминал во Безбедносно-информативната агенција, во Осмата управа, на позицијата помошник-началник на Управата.
Во 2022 година станал заменик-командант на Единицата за обезбедување одредени личности и објекти (ЈЗО), а во 2023 година бил распореден на функцијата командант на ЈЗО.