Британската полиција соопшти дека 325 лица биле уапсени на протестот што во саботата се одржа во Лондон во знак на поддршка на организацијата „Палестинска акција“, која британската влада ја забрани.
Според соопштението на Метрополитенската полиција, објавено на социјалната мрежа Икс, дури 320 од уапсените изразувале поддршка за организацијата, која е забранета согласно британскиот Закон за тероризам.
Демонстрантите се собрале пред американската амбасада во Лондон, во пресрет на дводневното сослушување пред британскиот Врховен суд, кое треба да започне во среда.
Сослушувањето се однесува на одлуката на британската влада од јули 2025 година за забрана на организацијата „Палестинска акција“ врз основа на законите за борба против тероризмот.