Најмалку пет лица загинаа во два одделни инцидента поврзани со етничко насилство во североисточната индиска сојузна држава Манипур, соопшти полицијата.
Според соопштението, тројца мажи од племенската заедница Куки биле убиени во саботата во вооружена престрелка со засега неидентификувани лица во областа Нонеј.
Телата на уште двајца мажи од истата заедница, кои биле пријавени за исчезнати претходно оваа недела, биле пронајдени утрово во областа Канпокпи, по потрага што ја започнале безбедносните сили, пренесе „Ројтерс“.
Најголемата организација на племето Куки ги обвини сепаратистичките организации Нага за убиствата, оценувајќи ги како „директен и ничим предизвикан напад“.