страшна трагедија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Авион се сруши во населено место, 9 лица загинаа

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Девет лица загинаа вчера при пад на авион „Лирџет 60“ во станбено подрачје во близина на местото Крестхејвен на Флорида, соопшти американската Сојузна управа за воздухопловство.

Авионот се урнал околу 12:50 часот по локално време, односно во 17:50 часот по Гринич. Сите што биле во авионот загинале, објави на социјалните мрежи американскиот министер за транспорт Шон Дафи, нарекувајќи ја несреќата „страшна трагедија“.

Авионот полетал од меѓународниот аеродром Остин-Бергстром во Тексас и летал кон аеродромот Норт Елутера на Бахамите, соопшти ФАА. Несреќата ја истражува Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.

Најнови вести