Во Демократска Република Конго бројот на починати од ебола надмина 3.000 лица. Според најновите владини податоци, актуелната здравствена криза стана најбрзо растечката епидемија на вирусот во историјата.
Од официјалното прогласување на епидемијата во средината на мај, регистрирани се вкупно 6.186 случаи на зараза и 3.007 смртни исходи. Здравствените тимови признаваат дека вирусот се шири значително побрзо од капацитетите за негова контрола.
Светската здравствена организација предупредува дека вистинската бројка на заболени е веројатно значително поголема, со оглед на тоа што генетските анализи укажуваат дека тивка трансмисија постоела уште во јануари.
Безбедносните и инфраструктурни предизвици во источниот дел на африканската држава го отежнаа справувањето со епидемијата.
Воените судири меѓу вооружените групи, нападите врз хуманитарните и здравствените работници и миграцијата го отежнуваат следењето на контактите. Дополнителен проблеми е стартот на новата учебна година и дополнителната трансмисија меѓу децата.
За специфичниот сој Бундибугио засега не постои одобрена вакцина ниту специјализиран лек. Вирусот се пренесува преку директен контакт со телесни течности на заболените, а досега лабораториски се потврдени жаришта во пет провинции: Итури, Северен Киву, Јужен Киву, Горно Уеле и Чопо.