Официјално потврден идентитетот на жената на која и беше дијагностицирана ебола неделава во Нигерија. Станува збор за сопруга на швајцарски дипломат стациониран во Абуџа.
Швајцарското Министерство за надворешни работи потврди дека таа е швајцарска државјанка родена во Уганда. Според соопштението, жената најверојатно ја добила инфекцијата за време на патувањето во Уганда пред околу две недели.
Нигерија го пријави својот прв случај на ебола по повеќе од една деценија во вторникот. Министерството за здравство на Уганда тврди дека пред дијагнозата, жената престојувала и во соседната Демократска Република Конго, каде што епидемијата избувна во мај.
Светската здравствена организација објави дека податоците што ги добила не вклучуваат патување во Конго. Според овие податоци, жената била во Уганда од 16 септември и се вратила во Абуџа на 3 октомври.
За реткиот сој на вирус Бундебугио што ја предизвикува епидемијата се уште нема одобрен лек или вакцина.