Две потенцијални вакцини против ебола добија препорака за вклучување во клинички испитувања во Демократска Република Конго. За првпат се испитуваат вакцини специјално создадени за заштита од вирусот Бундебугио, кој е причинител на актуелната епидемија што почна во мај годинава.
Препораката била издадена од Светската здравствена организација, врз основа на првични клинички резултати. Станува збор за вакцината развиена од Универзитетот во Оксфорд и Индискиот институт за вакцини, како и за вакцина на американската компанија „Модерна”.
Од почетокот на епидемијата на ебола досега починале 5.026 лица, а повеќе од 10.350 се заразиле, објави Министерството за здравство на Конго.