сдсм

Виновните за Алта банка седат во Владата – истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш – бара СДСМ

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржа прес-конференција пред Владата и како што рече главните виновници седат на Илинденска и дозволиле Алта банка да влезе во Македонија, со сомнителен капитал.

Додава дека СДСМ уште пред една година предупреди за Алта банка, дека е про-режимска банка создадена од криминалните кланови и пералница на пари на Вучиќ.

„Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот. Трајко Славевски вели имало консултации Кочовска вели немало и не била информирана. Штом зинат лажат. Еве го записникот од седница на Владата од 23 септември 2025 година. На предлог на Кочовска Владата на Мицкоски носела Заклучоци за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград на 16 јавни институции.

Мицкоски и Славевски ја внесоа Алта банка во Македонија, со сомнителен капитал, која сега е под стечај, без лиценца и под истрага за криминал. А Владата на Мицкоски, на истиот Давор Мацура му овозможила да се стекне со поголем пакет акции на сметка на државата.

Внимавајте, акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка! Денеска луѓето не можат да си дојдат до своите пари. Редици, гужви, нервозни граѓани, неизвесност, вели Кузеска.

Според неа, сега тие што ги носеа штетните одлуки, што овозможија влез на Алта банка најавуваат продажба на нов сопственик. Целта е да се заташка работата, да не се открие криминалот.

„Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под и под сомнеж за потеклото на капиталот? Власта врши притисок врз потенцијални купувачи, на една странска а од пред некој ден и на една домашна банка. Бараме, ОЈО да не чека и да не се правда дека има време. Нема време, се касни 11 месеци“, додава Кузеска.

СДСМ побара веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочовска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка.

Најнови вести