СДСМ бара итна истрага, дали во Македонија доаѓаат црните пари на режимот на Вучиќ преку Алта банка

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СДСМ бара итна истрага за информациите објавени во српските медиуми дека Алта банка забрзано префрла големи суми пари во Македонија и во Русија.

Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ истакна дека со последните информации се потврдуваат предупредувањата на СДСМ за Алта банка и нејзиниот влез во Македонија. Таа посочи дека информациите ги објавил српскиот портал nova.rs.

„Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје. Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад“, потенцираше Кузеска.

Портпаролката на СДСМ праша дали во Македонија се префрлаат црни пари на режимот на Вучиќ и побара Обвинителството веднаш да постапи.

„Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија? Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија. Предупредувавме, еве почнува. Сè што кажавме се потврдува“, рече Кузеска.

Таа посочи дека Мицкоски и Трајко Славевски дозволиле Алта банка да влезе во Македонија, и покрај прашањата што се отвораат за банката и нејзиниот сопственик.

Најнови вести