Зградите на ирскиот јавен радиодифузен сервис RTÉ во Даблин денеска се евакуирани поради дојава за поставена бомба, која била испратена по електронска пошта до оваа медиумска куќа, како и до десетици други медиуми во Ирска и Велика Британија.
Вработените и водителите се евакуирани од објектите во комплексот Донибрук, а припадници на ирската полиција (Гарда) се на местото на настанот и вршат претрес на зградите.
RTÉ од претпазливост премина на емитување однапред снимена програма.