Најавените казни за родителите од 250 евра, обуките на наставниците, интензивните кампањи, не ги предомислуваат учениците да вршат врсничко насилство.
Последниот случај во Тетово го вклучи алармот. Министерката за образование остро реагираше дека се повеќе кај децата е забележана апатија, наместо да помагаат кога ќе видат врсничко насилство, тие снимаат видеа ги објавуваат и стануваат соучесници.
Весна Јаневска најавува поригорозни мерки, покрај поголемото присуство на наставниците во училишните дворови и ходници и најавените казни.
Најави дека наскоро треба да бидат објавени и резултатите од интензивната кампања за врсничко насилство, но прстот го впери и во родителите и во психолозите како и во стручните служби за кои што рече дека поактивно ќе се занимаваат со овој проблем.
Пред неколку дена реагираше и премиерот Мицкоски кој го осуди ваквото насилство.
Родители од Тетово алармираа дека се врши насилство врз нивните деца, дека се соочуваат со страв и паника да одат на училиште и дека институциите сеуште ги немаат најдено сторителите.