Евроинтеграции

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Имаме поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија за дијалогот што во моментов се води во врска со отворените прашања меѓу Скопје и Софија. Македонските позиции се јасни и принципиелни, изјави министерот
за надворешни работи и надворешна
трговија Тимчо Муцунски.

На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Игнацио Касис, Муцунски ја коментираше изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Шефот на дипломатијата вели дека се работи на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, а процесот се одвива и на европско ниво со поддршка и од земјите членки.

,,Мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментов работиме на дијалог, за кој, како што слушнавте од претставниците на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки. Ќе повторам дека нашите позиции се јасни и сите разговори што ги водиме во моментов, како и оние што сме ги воделе во последните една до две години, се базирани на позиции што прилично јасно ги претставивме на нашите европски партнери”, рече Муцунски.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, во Брисел на 4 ноември, по претставувањето на Пакетот за проширување, за ангажманот на Европската комисија во надминувањето на отворените прашања меѓу Скопје и Софија, рече дека Европската Комисија прави многу за односите меѓу двете земји, но дека не кажува се.

Најнови вести